Арсенал ја оствари 15. победа во Премиер – лигата оваа сезона совладувајќи го Вотфорд на гости со 2-3. „Топчиите“ со овој триумф го скокнаа Манчестер Јунајтед на табелата со 48 бода, а имаат и два одиграни меча помалку од „ѓаволите“.

Мартин Одегард во петтата минута го отвори резултатот, но возврати брзо Кучо. Сепак, Бакајо Сака обезбеди предност за Арсенал на одморот, а Габриел Мартинели зголеми на 1-3 на почетокот на вториот дел.

Вотфорд постигна втор гол преку Сисоко, но немаше сили за израмнување.