Најдобриот маратонец во историјата, Кениецот Елиуд Кипчоге го додаде маратонот во Токио на своите витрини со четвртото најдобро време досега .
37-годишниот кениски маратонец Елиуд Кипчоге е победник на маратонот во Токио и со два часа, две минути и 40 секунди го постигна четвртиот најдобар резултат на сите времиња.
По Лондон, Чикаго и Берлин, Кипчоге победи на маратонот во Токио, а за да ги комплетира победите на сите шест најголеми маратонски трки во светот, му недостасуваат уште победи во Њујорк и Бостон.
Инаку, од четирите најдобри маратонски резултати на сите времиња, сега поседува три.
Среќен сум за победата и овој одличен резултат. Ќе се одморам добро и ќе се договорам со мојот тим што понатаму“, изјави двократниот олимписки победник, кој има намера да го освои третото олимписко злато во Париз во 2024 година.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Амос Кипруто кој го следеше темпото на Кипчоге цели 35 километри, но на крајот се откажа и постигна време од 2:03.13. Трет беше Етиопјанецот Тамират Тола со 2:04.14.
Кај девојките најбрза беше светската рекордерка Кенијката Бригид Косгеи со време 2:16.02. Зад неа се Етиопјанката Ашета Бекера (2:17.58) и Готитом Гебресласе (2:18.18).