Фудбалерите на Аталанта од Бергамо, славеа против Наполи на гостински терен со убедливи 3-0 во 11. коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Антонио Конте беа двапати шокирани во првото полувреме од страна на Адемола Лукман, кој постигна два гола во 10. и 31. минута за предност од 2-0.

Конте реши да направи неколку измени во вториот дел со надеж дека ќе се врати во игра за бодови, но Наполи не ги искористи шансите, а потоа казната пристигна од Матео Ретегуи кој ги постави конечните 3-0.

Наполи останува на првата позиција со 25 бодови, по што следи Аталанта со 22, додека Интер и Јувентус имаат по 21 бод.

Со овој триумф екипата од Бергамо дојде до втората позиција на табелата и има само три помалку од Наполи за кого ова беше втор сезонски пораз, прв од август кога исто со 3-0 беше поразен од Верона.

ОВДЕ можете да ги погледнете головите.