Екипата на Денвер нагетс добива големи критики поради лошиот почеток на сезоната, а најсветла точка е српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Јокиќ сам го носи клубот на својот грб без вистинска помош од колегите, па поради тоа експертите предупредуваат дека Србинот би можел да „настрада“.
„Единствен начин на кој екипата ќе почне да победува е ако Џамал Мареј биде подобар. Јокиќ е најдобар кошаркар во светот, но Денвер ќе го уништи ако продолжи вака“, вели експерт за „ЕСПН“.