Младинците имаа катастрофален почеток на натпреварот, па лошата одбрана беше казнета со водство од +10 (14-4) на Чешка. Сепак, македонските кошаркари се соземаа во продолжение и конечно проработе нападот за да намалат на само еден поен негатива (13-14).
Чешка повторно ја презеде контролата врз натпреварот во втората четвртина и создаде двоцифрена предност (33-21), а нашите намалија на 26-35.
Македонија блесна во третата четвртина, кога влезе во неверојатен ритам и ја стопи негативата, а успеа и да направи пресврт за момент (48-46), по што во последните 10 минути од дуелот двете екипи влегоа со нерешен резултат (52-52).
Одбраната на македонскиот состав во последната четвртина беше очајна, а тоа знаеше како да го искористи Чешка и на крајот да триумфира со убедливи 85-72.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Симиќ со 23 поени, додека Петков постигна 14 поени.