Калин Ивановски, најдобриот македонски тенисер, забележа нов највисок ранкинг на АТП листата, по нејзиното најново обновување, денеска.
Ивановски сега се наоѓа на 331. позиција на светот, напредувајќи дури 39 позиции. Ова се должи на новите 24 бода, освоени на челинџер турнирот во Јаши, Романија, каде што стигна до четвртфиналето. Од македонските тенисери, на АТП-листата фигурираат уште Горазд Србљак, кој доживеа пад од 39 позиции и сега е на 1.132., како и Обрад Марковски, кој е на делба на 1.227. место.
На врвот нема промени во топ-10, со тоа што Карлос Алкараз ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и сега има 900 бода повеќе од него.
На ВТА-листата, пак, Лина Ѓорческа напредуваше 25 скалила и сега го држи 224. место на светот, додека Магдалена Стоилковска застана на 1.367. позиција, по падот од осум места.