Ник Киргиос и Танаси Кокинакис со победата над Пуец и Венус со 7:5, 3:6, 6:3 влегоа во полуфиналето на машките двојки на Австралија Опен.
Четвртиот гем од првиот сет се играше кога Кокинакис го промаши првиот сервис и лутиот Киргиос ја заби топката на трибините. Таму го удри момчето, кое веднаш се расплака.
Публиката почна да протестира, а Киргиос веднаш реагираше. Истрча до клупата, го зеде рекетот и му го даде на момчето како извинување, а со тоа ги воодушеви присутните.
https://twitter.com/tennis_gifs/status/1485846006688276481?s=20