Кошаркарите на ЛА Лејкерс и одржаа лекција на Оклахома Сити Тандерс во дербито на Западот, и победија со 27 поени разлика (126:99) на теренот кој има најдобар учинок во НБА лигата.
За тимот на Оклахома Сити Тандерс сметаат дека е најсилниот тим во НБА-лига сезонава, меѓутоа го загубија дуелот со Лос Анџелес Лејкерс.
Дончиќ и неговите соиграчи демонстрираа сила против тимот предводен од Шеј Гилгеш-Александер.
Лука Дончиќ беше најефикасен играч на натпреварот со 30 поени, седум скока, шест асистенции и две украдени топки, пред Ривс со 20 поени, додека Леброн Џејмс постигна 19 поени и седум асистенции. Во тимот на Оклахома, Шеј Гилгеш-Александер беше автор на 26 поени и девет асистенции.