Црвена Звезда, забележа пораз во европската кошаркарска елита. Но, за разлика од АБА шампионот Партизан кој доживеа пораз по голема драма во Белград, „црвено-белите“ беа демолирани на гости во Атина кај Панатинаикос па загубија убедливо со 82-65.
Грчкиот кошаркашки гигант одигра колку што му беше потребно за триумф и да ја израдува домашната публика. ПАО беше подобар во сите четири четвртини и заслужено ја оствари својата десетта победа сезонава. Митоглу со 15 поени беше најдобар поединец кај ПАО, додека за Црвена Звезда се истакнаа Боломбој и Недовиќ исто така со по 15 поени.
Кошаркарите на францускиот Асвел од Вилербан беа пред огромна сензација во 17. коло, затоа што беа на раб да го совладаат лидерот Реал Мадрид, но во последната минута „кралевите“ покажаа квалитет и смиреност и на крај славеа со минимални 76-77.