Драматичен натпревар се одигра минатата ноќ меѓу Кливленд кавалирс и Далас маверикс, а победата за домаќинот со 121-119, откако Макс Штрус од половина терен погоди со звукот на сирената.
Лука Дончиќ имаше неверојатен натпревар и постигна 45 поени, 14 асистенции и девет скокови, но сè му пропадна во вода поради Штрус кој ја заврши средбата со 21 поен, четири скокови и четири асистенции, но и неверојатна тројка која ќе ја памети уште долго. Донован Мичел постигна 31 поен за Кливленд.
Далас останува на осмата позиција во Западната конференција со 33 победи и 25 порази, додека Кливленд е втор во Источната конференција со 38 триумфи и 19 порази.