Мајорка е првиот финалист на Купот на Кралот. Тимот на Хавиер Агире по изведување на пенали го совладад Реал Сосиедад со 4-5 (1-1). Реал Сосиедад и по три децении остана без победа по изведување на пенали, а најстрога казна промаши и во регуларниот дел.
Внимателно се играше во првиот дел, а во 45. минута Браис Мендез промаши пенал за домашниот тим.
Мајорка ги замолкна домашните навивачи по само пет минути игра во вториот дел, кога Уругваецот Гонзалез Апуд донесе водство за гостите, но домашниот тим не се предаваше и успеа да дојде до израмнување во 71. минута преку Микел Ојарзабал. Реал Сосиедад имаше уште една шанса за комплетен пресврт, но во регуларниот дел резултатот остана 1-1 и мечот отиде во продолженија.
Баскијците почнаа агресивно и во продолженијата и во 95. минута двапати дефанзивците на Мајорка ја вадеа топката од гол-линијата. Двете екипи имаа полушанси до крајот на екстра-времето, но резултатот не се менуваше и одлучија пеналите. Словачкиот голман Доминик Грeиф во првата серија го одбрани пеналот на Ојарзабал и на Мајорка и донесе финале на Купот на Крапот по четврти пат во својата историја (1-1, 4-5).
В четврток се игра второто полуфинале меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. На првиот натпревар победа остварија Баскијците среде Мадрид со 0-1.