Англискиот првак Манчестер Сити одигра фуриозно прво полувреме на гостувањето кај Лутон во ФА купот, а истото го одбележа со неверојатен ефект на тандемот Кевин Де Брујне – Ерлинг Халанд.
Норвешкиот голгетер постигна гол уште во 3. минута на асистенција на Де Брујне, а истата ситуација ја повторија уште два пати до крајот на првиот дел.
Де Брујне до полувремето имаше три асистенции, а Халанд постигна хет-трик, додека единствена утеха за домашните фанови е голот на Лутон за 1:3 во завршницата на првиот дел.