Ромелу Лукаку би можел да го пропушти денешното дерби со Ливерпул. Тоа би било директна последица на неговиот последен јавен настап, кој ги налути сите во клубот, особено тренерот Томас Тухел.
Многу поверојатно е Лукаку да го започне мечот на клупата за резерви, но засега се чини дека не е исклучена опцијата тимот на Челзи да биде без белгискиот напаѓач од 17:30 часот денеска на Стемфорд Бриџ против Ливерпул.
Да потсетиме, Лукаку неодамна даде интервју за Скај Италија во кое рече дека жали што го напуштил Интер и дошол во Челзи.
Ова особено ги налути челниците на Челзи, кои сега размислуваат како да го казнат напаѓачот, кој минатото лето беше платен дури 97,5 милиони евра. Првиот чекор би можел да биде изоставувањето од составот за денешното дерби.