Тотенхем го совлада Вест Хем со 2-0 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата.

Емерсон Ројал беше стрелец на првиот гол за домаќинот во 56.минута.

Вториот погодок за Тотенхем го постигна Хјонг – Мин Сон во 72.минута, а Вест Хем не успеа да стори ништо повеќе до крајот на дуелот.

 

 

Тотнем по 24 одиграни меча се наоѓа на четвртата позиција со 42 бода, односно еден повеќе од Њукасл, додека Вест хем е во зоната на испаѓање со 20 бодови.