Капитенот на Англија, Хари Кејн, призна дека тимот не бил на ниво против САД, но сепак селекцијата се уште е во добра позиција во однос на конечниот пласман во групата. На едно коло до крајот, тимот на Герет Саутгејт останува на првото место во групата со четири освоени бода.
„Тоа не беше нашиот најдобар настап. Создадовме неколку добри шанси, но не можевме да ги завршиме. Чистата мрежа за нас е одлична работа. Тоа не става во многу добра позиција во групата. Нашиот настап беше во целосна спротивност од натпреварот со Иран. Сепак, игравме против тежок противник и ремито не е крај на светот за нас. Нема лесен натпревар на Светското првенство“, изјави Хари Кејн по ремито без голови со САД.