Интерес за услугите на 25-годишниот Олмо покажале неколку премиерлигаши, а се очекува Лајпциг да добие 31 милион евра за трансферот на Шпанецот, но дел од целата сума ќе му припадне и на хрватскиот тим Динамо Загреб.
Динамо Загреб во договорот со Лајпциг има вметнато и клаузула да добие 20 отсто од парите од следниот трансфер на Олмо, па тоа значи дека би добил околу 6,2 милиони евра.
Олмо во дресот на Динамо настапи на 124 натпревари, а притоа постигна 34 голови и 28 асистенции.