Покрај  напаѓачот на Манчестер Сити, Халанд кој има неверојатни бројки оваа сезона друштво му прави и српски напаѓач Александар Митровиќ кој е вистински хит на стартот на сезоната и продолжува да тресе мрежи во Премиер лигата

Овој пат ја затресе мрежата на Тотенхем  во 83. минута.

Самиот гол беше вистинско ремек дело на напаѓачот на Фулам. Тој мајсторски се ослободи од својот ривал и ја заби топката во мрежата на Лорис.

Митровиќ е втор стрелец во Премиер лигата со дури шест гола од исто толку натпревари. Халанд е лидер на листата на стрелци со 8 гола.