Пари Сен Жермен ја запиша петтата победа во француската Лига 1, на гостувањето кај Нант со убедливи 0-3 (0-1) во рамките на шестата рунда. Парижани рано поведоа, а потоа домаќинот на „Стејд де ла Бужор“ доби и црвен картон, па немаше сили да се врати во мечот.
Интересно, првата шанса ја имаше Нант, но Самуел Мутусами не успеа да го матира Донарума и биеше над голот. На спротивната страна Данило исто така се обиде безуспешно, изнуди одбрана од Лафонт. Течеше 18. минута кога Килијан Мбапе доби проигрување од Лионел Меси кој одработе добра акција, па Французинот погоди за 0-1. Следеше нов обид за „светците“, преку Хакими, а потоа Фабио заработи директен црвен картон.