Екипата на Барселона полесно од очекуваното дојде до цел плен на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ кај Севиља, откако славеше со 0-3 (0-2) во мечот од четвртото коло на Примера.
На самиот старт Севиља имаше голема шанса преку Иван Ракитиќ, меѓутоа искусниот Хрват од непосредна близина имаше лош удар по голот на Барса. На спротивната страна Роберт Левандовски го опомена домаќинот, а неговиот шут беше блокиран. Гостите стигнаа до предност во 21. минута преку новајлијата Рафиња. Бразилецот го запиша својот прв официјален гол за Барселона, откако со глава погоди по одбиена топка која дојде до него.
Пред полувремето Барса успеа да дојде и до втор погодок. Кунде нафрли, а топката ја дочека Левандовски кој со одличен удар удвои на 0-2 во 36. минута. До паузата и Дембеле можеше да се запише меѓу стрелците, но неговиот удар заврши крај голот на домашната екипа.