Арсенал продолжува со одличните игри и победите, како пред паузата за СП и го победи Вест Хем со 3-1. Во лондонската пресметка, гостите поведоа со голот на Бенрама од пенал во 27.минута, но Арсенал жестоко притисна во вториот дел.
Бакајо Сака израмни, а Габриел Мартинели се погрижи за пресврт. Третиот гол беше дело на Еди Нкетија во 69.минута од дуелот.