Во Шпанија новинарката Кристина Куберо, која важи за добар познавач на фудбалските прилики деновиве тотално се избламира кога зборуваше за тоа кој од фудбалерите ја разочарал на СП во Катар.
Таа “мртва – ладна“ кажа дека токму Крос, играчот на Реал Мадрид и репрезентативец на Германија разочарал во Катар. Но тој не ни беше на Мундијалот.
Сепак Германецот како голем шмекер на своите социјални мрежи напиша…
„Знаев дека јас ќе бидам виновен…“