Барселона се надеваше на „помилување“ на Роберт Левандовски од страна на дисциплинските органи на шпанската федерација, но сепак, тоа нема да се случи и полјакот ќе мора да ја одслужи целосно суспензијата поради црвениот картон добиен на дуелот против Осасуна уште на 8 ноември.
Тоа значи дека полскиот напаѓач ќе го пропушти градското дерби со Еспањол, гостувањето кај Атлетико Мадрид и домашниот меч со Бетис.
Жалбената комисија во федерацијата ја одби првата жалба на Барселона, а сега одлуката ја потврди и Спортскиот управен суд.
Барселона води во поредокот со 37 бода два повеќе од Реал Мадрид. Левандовски има 13 гола на 14 натпревари и е најдобар стрелец.