Во НБА лигата се одиграа 14 натпревари. Во центарот на вниманието беше неверојатниот Лука Дончиќ кој приреди забава за паметење.

Во победата на Далас над Хјустон од 106:112, Словенецот беше незапирлив. Дончиќ зад своето име запиша 50 поени, додаде десет асистенции со осум скока. Игра за која сигурно долго ќе се зборува.

Далас дојде до 17. триумф оваа сезона, со 16 порази се наоѓа на осмото место во Западната конференција.

Во балканскиот дуел Никола Јокиќ беше подобар од Јусуф Нуркиќ. Денвер го совлада Портланд со 120:107. Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 29 поени и 11 асистенции, придодавајќи и осум скока. Нуркиќ постигна 11 поени со седум скока и три асистенции.

Орландо – Сан Антонио133:113
Филаделфија – ЛА Клиперс 119:114
Атланта – Детроит 130:105
Бостон – Минесота 121:109
Бруклин – Милвоки 118:100
Кливленд – Торонто 107:118
Њујорк – Чикаго 117:118