Стивен Кари уште повеќе се доближи до рекордот на Реј Ален по бројот на постигнати тројки во НБА лигата.
На Кари му недостигаат уште десет тројки за да стане најдобриот тројкаш во историјата на лигата.
Тој погоди шест тројки од 17 обиди во победата на Голден Стејт Вориорс над Портланд Трејлблејзерс со 104-94.
Ги промаши првите четири шута од далечина, а потоа шутираше 4/12 до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел од мечот погоди уште две тројки и стигна на девет чекори од израмнувањето на рекордот на Ален од 2.973 тројки, кој го постигна од 1996 до 2014 година.
„Чувствувам дека ќе биде посебно без разлика на се бидејќи ќе дадам се од себе за да го направам посебен. Ќе биде неверојатно искуство за мене и за моите соиграчи“, рече Кари за приближувањето до рекордот.
Вориорс на следниот натпревар гостуваат во Филаделфија, а доколку не постигне 10 тројки против Сиксерси, најверојатно рекордот ќе биде соборен во Индијана на 14 декември.