Американецот Џејлин Смит објасни зошто избрал да игра за хрватската репрезентација.
Смит летово ја прифати поканата од Хрватска, репрезентација која во последно време е кратка со плејмејкери.
На Евробаскетот игра топло-ладно, но со новата земја успеа да избори пласман во осминафиналето.
Сепак, изјавата што ја даде неодамна нема да му помогне да ја освои публиката.
„Не можам многу да кажам. Ако некоја земја сака да те донесе во тимот, зошто не би ја искористил таквата можност? Не, не, не, не знаев каде е Хрватска, не, не. Кога дојдов во Хрватска, тоа ми беше прв пат таму“, рече Смит.
Оваа констатација Смит ќе има можност да ја поправи во недела, кога „коцкастите“ во осминафиналето ќе се сретнат со Финска.
Хрватскиот Американец во моментов има просек од 11 поени, 2,6 скока и 4,8 асистенции по меч.