Одличниот финален дуел меѓу Шпанија и Грција заврши со победа на Шпанките кои ја одбранија титулата европски првак.

Шпанските ватерполистки ја одбранија титулата европски првак совладувајќи ја Грција со 9:6 (3:0, 1:3, 1:0, 4:3) во финалето во Сплит.

Шпанките целосно ја заслужија третата титула по 2014 и 2020 година, бидејќи водеа цел натпревар против Гркинките.

За Шпанија по два гола постигнаа Елена Руиз, Ани Еспар и Маика Гарсија, додека за Грција два гола постигна Јоана Чидриоти.
Ова е четврти пораз за Грција во финалињата и се уште ја чекаат првата титула.

Италија ја освои бронзата победувајќи ја Холандија со 16:13 .