Карлос Алкараз и Каспер Руд се пласираа во финалето на УС Опен. Алкараз ја доби третиот натпревар по ред во пет сета, овојпат против Френсис Тиафо, а Руд во четири сета го совлада Карен Хачанов…
Карлос Алкараз и Каспер Руд веќе го постигнаа најголемиот успех во кариерата со пласманот во финалето на Грен слем турнирот, но не сакаат да застанат тука, туку да одат чекор понатаму. 19-годишниот Алкараз никогаш претходно не успеал да го помине четврт-финалето на Грен слем турнир, но тука стигна до трката за титулата додека Руд го израмни својот најдолг дострел со второто финале на Грен слем, негово прво беше годинава на Ролан Гарос каде во полуфиналето го совлада Марин Чилиќ.
Алкараз имаше исклучително тешка работа во последните три кола. Мораше да одигра пет сета против Чилиќ, Јаник Синер и сега Френсис Тиафо, но ја потврдува фантастичната физичка и психичка подготовка и забележа победи насекаде.
Алкараз и Руд имаат дополнителен мотив со информацијата дека победникот на УС Опен ќе биде и новиот светски рекет број еден. Алкараз првиот Шпанец по Рафаел Надал, а Руд воопшто првиот Норвежанец. Еден Шпанец веќе го запре Руд на патот до првата Грен слем титула, тоа беше Надал на Ролан Гарос, каде лесно го совлада.
За влез во финалето му требаа три часа против Карен Хачанов, кого го совлада во четири сета, а на Алкараз му требаа речиси час и половина време повеќе против Тиафо, кој крајот на мечот го дочека во солзи, извинувајќи им се на бројните навивачи што не да успеа да стигне до финалето.
Тиафо е првиот Американец по 2006 година и Енди Родик кој стигна до полуфиналето во Њујорк, но не успеа да направи чекор понатаму. Алкараз сè уште е тој што има шанса да стане најмладиот светски рекет број еден во историјата и најмладиот победник на УС Опен од 1990 година кога 19-годишниот Пит Сампрас ја освои титулата.
На крајот, целосно исцрпениот Тиафо заработи овации од публиката и покрај поразот, а по УС Опен ќе го постигне својот најдобар пласман на АТП рангирањето, напредувајќи на 19. место, едно место зад новиот светски рекет 18 , Карен Хачанов.
УС Опен, тенисери, полуфинале:
Каспер Руд (Норвешка, 5) – Карен Хачанов (27) 7:6(5), 6:2, 5:7, 6:2
Карлос Алкараз (Шпанија, 3) – Френсис Тиафо (САД, 22) 6:7 (6), 6:3, 6:1, 6:7 (5), 6:3