Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со лесна победа во два сета го започна ИТФ фјучрсот во Трнава, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Тетовчанката ја совлада Урсула Радванска со 2-0 (6-3, 6-2), за успешен старт на турнирот и пласман во втората рунда.
Во првиот сет македонската најдобро рангирана тенисерка на почетокот направи предност од два гема (3-1 и 4-2), за потоа сетот да го заврши со 6-3. Во вториот сет Радванска поведе со 2-1 во гемови, на што следуваше серија од пет гема за македонската тенисерка која сетот го заврши со 6-2.
Во втората рунда на турнирот во Трнава, Ѓорческа ќе се има пресметка со подобрата од дуелот на Еала Александра и Ана Бондар.