Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за целата ситуација околу неговиот престој во Австралија и призна неколку многу интересни наводи …
Конечно, по целата драма околу неговиот влез во Австралија и настапот на првиот Грен слем сезонава, се огласи и Новак Ѓоковиќ. Тој објави изјава на својот Инстаграм во која вели дека сака да ги отстрани дезинформациите за неговите активности во декември.
Иако сака да ги побие дезинформациите, Ѓоковиќ призна дека заразен им делел тениски награди деца, иако тоа се уште не го знаел, интервјуто го направил кога знаел дека е позитивен, а барањето за виза погрешно е пополнето по грешка.
Ѓоковиќ потврди дека заразен вршел активности, но нагласи дека тоа не го знае бидејќи ги чекал резултатите од ПЦР тестот, додека во тие два дена бил негативен на два брзи антиген тестови.
„Бев на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември, по што многу луѓе беа позитивни. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември бев тестиран со брз антигенски тест и бев негативен, но го направив и официјалниот ПЦР тест истиот ден.
Следниот ден бев на тениски настан во Белград каде што доделував награди на деца и тоа утро направив брз антиген тест и беше негативен. Немав никакви симптоми и се чувствував добро, а резултатите од ПЦР тестот ги добив дури по настанот“, напиша Ѓоковиќ.
Тој се осврна и на интервјуто за L’Equipe што го даде еден ден подоцна, за кое вели дека носел маска и се држел на дистанца и откажал сè освеносвен тоа интервју за кое бил веќе претходно дфоговорен.
„Гледајќи наназад, тоа беше грешка во проценката и прифаќам дека требаше да ја одложам таа обврска“, призна светскиот тенисер број еден.
Ѓоковиќ, исто така, призна дека неговиот тим погрешно го пополнил барањето за виза и дека тоа се однесувало на прашањето за патување 14 дена пред пристигнувањето во Австралија. Еден член на тимот на Ѓоковиќ стави штиклирање на тврдењето дека Ѓоковиќ не бил никаде.
Ѓоковиќ потоа рече дека неговиот тим им дал дополнителни докази на австралиските власти и дека нема да го коментира случајот од почит кон владата и процесот, и рече дека е почестен што игра на Австралија опен и само сака шанса да настапува.