Вчера заврши Австралија опен со триумф на Рафаел Надал над Даниил Медведев. Со таа победа Надал стигна до 21. Грен слем титула во кариерата и сега е сам на врвот. Помалку од него 20, имаат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Патот на Надал до титулата беше олеснет бидејќи Ѓоковиќ, деветкратниот победник на Австралија опен, беше депортиран од Австралија пред турнирот.
„За да бидеш најдобар, треба да го победиш најдобриот, што е услов што во случајот на Надал остава дамка покрај ова финале. Русинот не беше најдобриот играч со кој можеше да игра. Тој беше најдобро вакцинираниот играч. Најголемиот опасност за шансите на Надал на оваа 21. Грен слем беше како што сите знаат далеку 15.000 километри, во Белград“, пишува новинарот на Телеграф, Оливер Браун.
„Медведев не е лесен противник, тој има неверојатна способност да ги преживее и најстрашните размени на удари, но останува фактот дека Медведев не е ни блиску до Ѓоковиќ. Пред само 11 месеци Надал освои само девет гема против Ѓоковиќ. “