Нема крај на хаосот на Африканскиот куп на нации. На четвртфиналниот натпревар Египет – Мароко (2:1) имаше прекин во 75. минута поради турканица на Ел Хадади од Мароко и Мохамед од Египет. Главниот судија Магует Ндиаје од Сенегал одлучи невообичаено енергично, всушност агресивно да го реши судирот на играчите.
Тој истрча кон фудбалери и грубо го оттурна Ел Хадади, а такво однесување на судијата ретко се гледагледаме. Изненадениот марокански играч беше турнат на тревата и му се пожали на судијата што му направил. Сепак, тоа не беше се од агресивното однесување на судиите на овој натпревар. Помошник во толпата која стана уште похаотична го фати едниот играч за врат, а потоа другиот за рамо.
Сето тоа го налути мароканскиот селектор Вахид Халилхоџиќ, кој жестоко протестираше против четвртиот судија.