Изминатиот викенд на 29 и 30 јануари во Скопје под покровителство на Европската Џудо Унија и Џудо Федерација на Македонија се одржа Европскиот семинар за едукација на тренери во склоп на проектот “Подобри го својот клуб”.
Раководители на семинарот беа реномираните европски џудо експерти кој се поранешни светски, европски прваци и медалист од олимпијада Фредерик Демонтфакон 7-ДАН од Франција и Џејн Бриџ 8-ДАН од Англија која воедно е и под претседател на ЕЏУ.
Струшките џудо тренери проф. Ѓорѓија Стојанов, проф. Марин Билјаноски и Андреј Чакаровски со учеството на семинарот ги обновија тренерските лиценци за 2022 год и изразија огромно задоволство од учеството на семинарот и стекнатото знаење кој ќе го применат во својот клуб со цел да го подигнат нивото на нивните џудисти.
Исто така изразија огромна благодарност до Џудо Федерација на Македонија и претседателот Владимир Трпаноски што им овозможи да учествуваат на овој семинар.