Во украинскиот регион Чернихов беше убиен 22-годишниот Јевген Звонок, кој беше шампион на Украина во кикбокс и освојувач на сребрен медал на Светското првенство (СП).
Звонок на почетокот на руската инвазија застана во одбрана на Украина, а бил убиен во воздушен напад на 3 март и телото му е пронајдено три дена подоцна.
„Никој не очекуваше да земе оружје во рака. Беше мирно и добро момче. Меѓутоа, дојде време да ја брани земјата и не размислуваше воопшто да се пријави во војска“, открива негов пријател.