На првиот меч од квалификацискиот турнир во фудбал, за женски репрезентации до 17.години во Албанија, селекцијата на Македонија загуби од еден од фаворитите во групата репрезентацијата на Шкотска, со убедливи 9:0.

Нашиот националем тим издржа само 4. минути пред да го прими првиот гол, а потоа во серија, противникот погоди уште осум пати се до последните моменти од мечот.

Следниот меч го играме на 11. против Азербејџан, а потоа на 14. против домаќинот Албанија.