За Миовски ова е петти гол во пет натпревари досега, а има и две асистенции. Македонскиот голгетер реализира пенал во 90+10-та минута од мечот за да израмни, откако Абердин по 42-та минута водеше со гол на Хајес, ама Сент Мирен направи пресврт преку Кити и Грив во 59-та односно 76-та минута од мечот.
Абердин сѐ уште нема победа во шкотскиот Премиершип и има два бода од три натпревари, две ремија и пораз досега во три кола, и е трет одзади на првенствената табела.
Абердин в четврток дома ја има шансата после 2-2 во Шведска со било каква победа да обезеди групи во Лига Европа.