Шампионот на Германија, Баерн Минхен дојде до втората лесна и убедлива победа на стартот на новата сезона во Бунделсигата. Денеска без проблем и со два гола на најскапото засилување Хери Кејн со 3-1 го совлада Аугсбург на „Алијанц Арена“.

https://twitter.com/MunichFanpage/status/1695831780794810498?s=20

После голот и асистенцијата на Кејн на отворањето на сезоната со 4-0 во Бремен против Вердер, англискиот репрезентативец додаде два гола во лесната победа над Аугсбург, првиот од пенал во 40-та минута за да ја дуплира предноста, а потоа во 69-та за да ја завери победата.

https://twitter.com/FootballReprt/status/1695844126707610015?s=20

Претходно Баварците дојдоа до водство со автогол на Удукаи по 32 минути игра, а Бељо четири минути пред крајот постигна само почесен гол.

Баерн има максимални шест бодови со седум дадени и еден примен гол, а максимални со две победи од две кола се и Унион Берлин, Баер Леверкузен, Волфсбург и Фрајбург.