Волфсбург запиша убедлива победа во 31. коло од германскиот шампионат, откако на домашен терен го декласира Мајнц со 5-0 и така освои три бода со кои се искачи до 11. позиција на табелата.

Винд во осмата минута го отвори резултатот, а потоа проблем на Мајнц му направи и Тауер откако заработи директен црвен картон.

Крузе блесна по 24. минута откако почна неговата гол-серија и заврши со хет-трик во првото полувреме, со што испиша историја и стана прв фудбалер на Волфсбург кој постигнал три гола во првите 45 минути.

Мечот беше решен уште во првиот дел, кога и Винд по вторпат се запиша во листата на стрелци за водство од 5-0.