Нов светски рекорд по број на гледачи на еден женски фудбалски натпревар, кој сега изнесува 91.648, е поставен вечерва на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона.

Барселона го победи Волфсбург со 5:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во женски фудбал.

Претходниот рекорд го држеше и Барселона, а беше поставен во март на „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кога натпреварот го следеа 91.553 навивачи.

Во второто полуфинале од Лигата на шампионите ќе се сретнат француски Лион и Пари Сен Жермен.