Манчестер Јунајтед ги договори сите услови со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хејг, кој од следната сезона ќе ја преземе улогата на тренер на славниот англиски клуб. Долго време „црвените ѓаволи“ го бараа холандски стручњак, а сега оваа работа конечно е договорена и можат да здивнат на „Олд Трафорд“.
Според угледниот „Атлетик“, една од целите на Јунајтед во овогодинешниот преоден рок би можел да биде капитенот на Ајакс и на српската репрезентација, Душан Тадиќ.
Се најавува големото враќање на Тадиќ на Островот, каде од 2014 до 2018 година ги бранеше боите на Саутемптон, пред да потпише за Ајакс во трансфер вреден 10 милиони фунти. За четири години во Амстердам, Србинот стана лидер на тимот и без кој не може да се замисли играта на „копјаџиите“, а бидејќи и тој и Тен Хаг честопати јавно потврдуваа дека уживаат во меѓусебната соработка.
Тадиќ и претходно беше на радарот на Манчестер Јунајтед, уште пред да ја прифати поканата на Роналд Куман во Саутемптон.