Во највозбудливата група во овие мундијалски квалификации, Италија дојде со два гола предност во гол-разликата, но ѝ требаше победа, а тоа избраниците на Роберто Манчини не успеаа да го направат, па на Швајцарија ѝ ја олеснија задачата, иако и минимален триумф на „аѕурите“ не им вршеше работа.
Леонардо Боничи на гол-линијата во 90-та минута спаси пораз откако Конор Вошингтон ја искористи грешката на Џиџо Донарума, но лошо биеше кон голот.
Швајцарија во второто полувреме ја скрши Бугарија, па прво Окафор во 48-та, а потоа Варгас во 57-та погодија за водство од 2-0, по што ВАР им поништи два гола, за Итен на 18 минути пред крајот да даде и трет гол, а Фројлер во 91-та стави печат на убедливиот триумф и директната виза за Катар.
Со оваа разврска, Италија е вториот гигант кој е потенцијален ривал на Македонија во мундијалскиот бараж, каде од вчера е и Португалија, па двата последни европски прваци од последните два континентални шампиони се најголемите и најтешките ривали кои ги чекаат црвено-жолтите на ждрепката на 26 ноември.