Далас на домашен терен славеше над Денвер со 111:101 во еден од натпреварите за уживање синоќа во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Лука Дончиќ го заврши мечот со 23 поени, осум скока и единаесет асистенции, но предвреме мораше да оди надвор од игра поради повреда на скочниот зглоб.

Кошаркарите на Далас во голем стил остварија голема победа над Денвер, кому не му помогнаа ниту 35. поени на исклучителниот Никола Јокиќ. Дончиќ на минута пред крајот на средбата мораше да го заврши натпреварот поради повреда на скочниот зглоб. Според првите информации не се работи за сериозна повреда, но лекарите денеска ќе направат нови прегледи за да ја дадат конечната оценка.

Чикаго му нанесе нов, седми сезонски пораз на ЛА Лејкерс. Булси на гостувањето во Калифорнија славеа со 121:103 на крилата на неверојатниот  Демар Дерозан кој постигна 38 поени, 3 скока и 6 асистенции. Во отсуство на Леброн Џејмс, кај домашните Хортон-Такер беше најефикасен со 28 поени, додека 25 запиша Расел Вестбрук.

Феникс и натаму изненадува со блескава форма. Десетта победа остварија „сонцата“ овој пат победувајќи ја Минесота нагости со 99:96. Букер постигна 29 поени и ја смести екипат од Аризона на второто место во Западната конференција.