Фудбалската репрезентација на Србија направи фантастичен успех со директното пласирање на Светското првенство во Катар следната година.
Затоа, како што вети претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од државата добија премија во износ од еден милион евра, која може да ја поделат доколку сакаат.
Парите во понеделникот наутро веќе беа уплатени на сметката на Фудбалскиот сојуз на Србија, а „орлите“ донесоа хумана одлука.
Имено, тие во меѓусебен договор решиле да донираат парите за лекување на оние на кои им е најпотребно, болните деца.