Екипата на Манчестер јунајтед се пласира во финалето на ФА-купот, откако по голема драма славеше на пенали против Ковентри.
„Црвените ѓаволи“ имаа одличен старт и постигнаа два гола во првото полувреме преку Мектоминеј и Мегваер, додека на почетокот на вториот дел погоди и Фернандеш за огромно водство од 3-0.
По третиот гол сите очекуваа дека Јунајтед лесно ќе ја обезбеди победата, но Ковентри почна да се буди во 71. минута кога Симс намали на 1-3, а потоа погодија О’Харе и Рајт за да израмнат на 3-3 и обезбедат продолженија.
https://twitter.com/i/status/1782098301720154396
Јунајтед можеше да доживее вистински шок, откако Ковентри во 121. минута погоди за 4-3, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.
Во пенал-рулетот Ковентри промаши два пенали, додека „ѓаволите“ погодија четири пати и обезбедија место во финалето, каде ќе играат против Манчестер сити.