Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул триумфираше со 3-1 на гостувањето кај Фулам.
Фудбалерите на Ливерпул се вратија на победите во Премиер лигата и славеа на „Крејвен Котиџ“..
По минатонеделниот шокантен пораз од Кристал Палас, избраниците на Јирген Клоп одиграа сигурно и со триумфот одржаа чекор со во моментов водечкиот Арсенал со кој се израмнети на по 74 бода. Манчестер Сити пак има еден помалку, но и меч помалку, кој го игра в четврток против Брајтон.
Ливерпул поведе со голот на Александер-Арнолд во 32. минута од слободен удар, но потоа Кастањ беше стрелец за да го врати Фулам во игра.
Избраниците на Јирген Клоп во второто полувреме тргнаа по втор гол и набрзо Гравенберх погоди за 2-1, додека Диого Жота зголеми на 3-1 во 72. минута.
Ливерпул се израмни со Арсенал со по 74 бодови на делба на првата позиција, додека зад нив е Манчестер сити со еден бод помалку.