Новиот германски шампион Баер Леверкузен го преживеа гостувањето кај Борусија Дортмунд (1-1) во 30. коло од Бундеслигата, иако беше на праг од првиот пораз оваа сезона.
Леверкузен за нијанса беше подобар во првото полувреме, но напаѓачите на двете екипи не беа доволно ефикасни и резултатот не се менуваше.
„Милионерите“ до водство стигнаа во 81. минута со голот на Фулкруг, а тоа ги предизвика „фармацевтите“ да тргнат по спас во финишот од средбата.
https://twitter.com/i/status/1782095430039335109
Херој на екипата на Чаби Алонсо беше Станишиќ, кој во 97. минута погоди за 1-1 и ја продолжи серијата без пораз на новиот германски шампион.
https://twitter.com/i/status/1782099428196712908