Чави Ернандес го подготвува својот тим за „Ел Класико“ дербито против Реал Мадрид кое се игра утре на „Сантијаго Бернабеу“, но јасно е дека во мислите се уште му се свежи случувњата од четвртфиналињата во Лигата на шампионите.
– Утре имаме шанса да заборавиме на разочарувањето о Лига на шампиони и да се вратиме во игра за Ла Лига. Ова сега за нас е најважен меч во сезоната, мора да победиме. Ќе играме против многу силен ривал, тим кој ќе биде уште посилен откако го елиминирше најдобриот тим во светот. Самодовербата им е во облаци, но ние трениравме добро и сакаме да внесеме жар во Ла Лига до крајот на сезоната. Тоа ќе го направиме само со победа.
– Реал го елиминираше Сити, најдобриот тим во светот. Мораа да се бранат за да го направат тоа, но кога играте против најдобриот во светот, морате да играте и така. Беа како двоен блок, но се бранеа многу добро и тоа е дозволено во фудбалот. За да ги победиме, мора да бидеме ефикасни, бидејќи Реал ја казнува секоја грешка.
– Реал победи во Лигата на шампионите многупати и затоа сега играат мирно на секој меч. Јас не верувам во среќата, верував во дефанзивната работа што ја направи Реал против Сити. Сите играчи работеа и успеаја да се одбранат. Сити промаши големи шанси, но таков е фудбалот. Реал двапати го елиминираше Сити во последните три години и тоа не е случајно. Ние се бориме против тој тим во Шпанија, – изјави Чави.