Во 19. коло од Серија А, Јувентус одигра само 1:1 на гостувањето кај Венеција.
Тимот на Алегри одигра слаб натпревар во новиот прволигаш. Иако поведоа во 32. минута, кога Мората погоди за 0:1, домаќините во вториот дел одиграа офанзивно и почнаа да ги притискаат гостите и дојдоа до бод во 55. минута.
По долга акција Араму со страшен удар го погоди аголот од голот на Шчесни. Јувентус по голот на Арамуа практично не создаде вистинска можност и домаќините без проблем се бранеа.
Со ова реми Јувентус заостанува десет бода зад водечкиот Милан кој има натпревар помалку, но многу поголем проблем за Алегри е што од четвртото место кое води во Лигата на шампионите сега заостанува шест бода. А четвртопласираната Аталанта има натпревар помалку.