Принцовите не дозволија изненадување во дербито со Олимпик Марсеј. Бразилецот Нејмар и Килијан Мбапе со два гола во првото полувреме, па потоа и со помош на ВАР на пет минути пред крајот на ПСЖ донесоа победа од 2-1 во големото француско дерби со Марсеј. Со овој триумф „светците“ дојдоа на чекор до официјализација на титулата во Лига 1 – им треба само уште една победа.
Нејмар даде гол по 12 минути игра на асистенција на Марко Верати, израмни Дује Чалета-Цар во 31-та минута, а Мбапе во 45-та реализира пенал за второ водство, кое сѐ до 85-та го држеа парижаните, пред Вилијам Салиба да даде гол, но ВАР го поништи поради офсајд и ги остави „светците“ во водство, откако и нив видео-технологијата им поништи еден гол на Лео Меси.
После оваа победа ПСЖ дојде до 74 бода, 15 повеќе од вториот Марсеј на шест кола до крајот.Сега им треба уште една победа за официјално да ја заверат титулата и по една година пауза, повторно трофејот да дојде во нивните витрини.