Џенова конечно се израдува на една победа откако синоќа со 1:0 славеше над Салернитана и успеа да се пласира во осминафиналето од Купот на Италија. На домашен терен тимот на Андриј Шевченко славеше со голот на Екубан во 76. минута.
Нашиот Горан Пандев остана на клупата во текот на целиот меч и на крајот можеше само да им честита на своите соиграчи за пласманот во следната рунда.
Ова е прва победа на Џенова по цели 14 меча. Последен пат тимот на Пандев се радуваше во септември оваа година кога славеше во првенствен меч против Калјари.