Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ денеска беше гостин на папата Франциско во Ватикан.
Тој му донесе на подарок дресот на Милан, но и неговата нова книга наречена „Адреналин“, која излезе од печат на почетокот на месецот и која носи грст приказни кои главно се однесуваат на приватниот живот на шведскиот ветеран.
Папата Франциск и Златан имале пријатен разговор, а во еден момент Ибрахимовиќ го насмеа.
„Ти донесов нешто и сакав лично да ти го дадам“, рече Ибрахимовиќ подавајќи му нова книга.
Потоа му го подари на папата дресот на Милан со бројот 11 и му рече: „Дали ти се допаѓа Милан? Во овој дрес правам магии на теренот“, изјави Ибрахимовиќ, што го насмеа Папата.